Дома Трансфер зона Официјално: Головин нов фудбалер на Монако (видео)

Официјално: Головин нов фудбалер на Монако (видео)

golovin

Од денес и официјално – Александар Головин е нов фудбалер на Монако.

Клубот од Кнежеството, го потврди трансферот на рускиот фудбалер со кој потпиша договор на пет години.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Головин беше еден од најинтересните фудбалери уште пред почетокот на Мундијалот, за потоа да одигра одлично за селекцијата на Русија и дополнително да го привлече интересот од европските клубови.

Прво, Јувентус беше клубот кој беше најблиску, но „старата дама“ како да се откажа после трансферот на Роналдо. Потоа, Челзи беше блиску, за на крајот во трката да победи Монако кој на ЦСКА ќе и плати сума од 30 милиони евра.

Головин со Монако потпиша договор до 2023 година, а пристигнува како замена за Португалецот Жоа Мутињо кој неодамна го засили Вулверхемптон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

„Бомба“: Баерн Минхен го сака Ван Дајк

Фудбалерот на Ливерпул Вирџил ван Дајк размислува да го напушти клубот.  Ван Дајк нал…