Дома Македонски спорт Мак ракомет Официјално: Гедбан по само една сезона го напушта Еурофарм Пелистер

Официјално: Гедбан по само една сезона го напушта Еурофарм Пелистер

Македонскиот актуелен ракометен шампион, Еурофарм Пелистер останува без голманот Калифа Гедбан. Гедбан кариерата ја продолжува во бундеслигашот, Ерланген, потврди денес германскиот клуб.

Ќе ја заврши сезоната во зелено-белиот дрес, по што ќе се пресели во Германија. Во Битола Гедбан пристигна минатото лето и си заминува по само една сезона. Претходно го носеше дресот и на Вардар од 2018 до 2020 со кој стана и европски шампион.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во Еурофарм Пелистер се најавуваат промени за текот на летото, а сега е сигурно дека ќе треба да ангажираат барем еден голман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Манчестер Јунајтед ја плаќа клаузулата за Бремер

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…