Македонската фудбалска репрезентација денес до 18:00 часот ќе го игра натпреварот од второто коло во Лигата на Нации, а противник ќе биде репрезентацијата на Гибралтар.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Македонија како фаворит влегува во натпреварот на „Викторија Стадион“. Во однос на претходниот натпревар Милевски направи четири измени. Шанса да дебитираат во „А“ репрезентација добија Тодоровски и Серафимов. Николов го менува Чурлинов, а после подолго време на голот е Дени Илиев.
ОФИЦИЈАЛЕН СОСТАВ: Илиев, Тодоровски, Серафимов, Муслиу, Алиоски, Николов, Спировски, Барди, Елмас, М. Ристовски, Трајковски