Дома Фудбал Останато Откако Рагник ги одби, Баерн пронајде нов фаворит за наследник на Тухел

Откако Рагник ги одби, Баерн пронајде нов фаворит за наследник на Тухел

Oткако стана јасно дека и Ралф Рагник нема да биде нов тренер на Баерн Минхен во германскиот гигант пронајдоа нов фаворит.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Се поврзуваше Баерн и со Чаби Алонсо и Јулијан Нагелсман, но тие како и Рагник на крајот ја одбиваа понудата на баварците. Според последните информации од германските медиуми сега главен фаворит за наследник на Томас Тухел е Роберто Де Зерби.

Де Зерби и претходно се споменуваше како можна опција, но никогаш не се истакнуваше во прв план бидејќи предност имаа останатите кандидати. Италијанскиот стратег важи за некој кој практикува модерна игра и атрактивен фудбал нешто за кое во Баерн водат грижа при потрагата за нов тренер.

Очекувањата се преговорите да се интезивираат во следните неколку дена, па останува да видиме дали двете страни ќе пронајдат заеднички јазик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул го финализира трансферот на францускиот талент, кој го договори уште зимата

Ливерпул официјално го привлече централниот бек на Рен Жереми Жаке за сума од 60 милиони ф…