Денес Министерот за Надворешни Работи, Бујар Османи оствари средба со претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
На средбата Османи испрати честитки до Сејдини за учеството на Европското првенство, но и посочил за обврската за користење на уставното име на државата.
„Централна тема на средбата беа предизвиците со кои се соочува именувањето на националната фудбалска федерација како и на фудбалската репрезентација на земјава. Османи посочи на законските обврски за примена на уставното име за организациите кои ја преставуваат земјата и кои било каков начин примаат донации или друг вид финансирање од државата. Соговорниците се согласија дека на оваа тема ќе ѝ пристапат со добра волја и позитивен пристап, со цел да се надминат сите несогласувања и предизвици кои се појавуваат.
Во оваа прилика Османи го извести Сејдини дека Министерството за надвoрешни работи навремено реагираше и до УЕФА и странските медиумите за погрешното применување на државјанството на членовите на Организацијата и репрезентативците, посочувајќи притоа дека УЕФА навремено ги коригираше грешките“, соопштија од МНР.