Дома Топ вести Одлуката за Санчез падна – Дали ова е расплет на драмата!?

Одлуката за Санчез падна – Дали ова е расплет на драмата!?

Изгледа дека и Арсенал и Чилеанецот донесоа конечна одлука, или во прашање е само тактика. Сепак, ова е неверојатен исход.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Наводно, на Алексис Санчез клубот јасно му ставил знаење дека што и да се случи, нема да биде продаден на Манчестер Сити или Челзи.

Венгер го услови клубот и подготвен е да оди до крај, по цена и Санчез да си замине како слободен играч следното лето. Единствена опција која Санчез ја има е да ја прифати понудата од Баерн, која е иста како и од Сити, кога договорот е во прашање.

Меѓутоа, тој не сака да ја напушти Англија, па Баварците „оладија“ во целата приказна.

Санчез во моментов е со репрезентацијата на Чиле, многумина стравуаат дека на крајот ќе одличи да остане во Арсенал, но прашањето е како ќе влијае на тимот и што ќе биде неговиот мотив.

Артуро Видал го убедува да се пресели во Баерн, но Санчез е навикнат на Англија, па затоа сака да продолжи да игра во Премиер лигата.

Тој дефинитивно ја одби понудата на Арсенал да го продолжи договорот ова лето, па сега е пред тешка ситуација. Летото е долго, меѓутоа, доколку Венгер одлучи да ги изгуби тие 50 милиони евра, тогаш Алексис и следната сезона ќе го гледаме во дресот на Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…