Дома Фудбал Одигра само два натпревари, а веќе заработи 6 милиони евра!

Одигра само два натпревари, а веќе заработи 6 милиони евра!

Мартин Одегард пред две години беше „чудо од дете“ кое го бараа сите големи клубови и пристигна во Реал Мадрид, каде неговиот татко во името на својот малолетен син потпиша договор на 22.01.2015 година.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Одегард за девет дена ќе наполни 18 години, пред неколку дена го одигра својот втор натпревар за „кралевите“, а шпанските медиуми објавија дека до сега заработил неверојатни 6 милиони евра!

Иако неговиот татко изјавуваше дека Одегард е исклучително незадоволен од статусот кој го има на „Сантиаго Бернабеу“ сепак факт е дека не се грижат премногу за тоа, бидејќи многуте нули кои пристигнуваат на нивната сметка го смируваат незадоволството.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кардинале и Ибрахимовиќ продолжуваат со обидите да го задржат Модриќ

Сопственикот на Милан Џери Кардинале и неговиот советник Златан Ибрахимовиќ продолжуваат д…