Дома Фудбал Останато Одегард се посилно блеска: Сега воодушеви со супер дриблинг и уште поубав гол! (ВИДЕО)

Одегард се посилно блеска: Сега воодушеви со супер дриблинг и уште поубав гол! (ВИДЕО)

Норвежанецот кој како позајмен фудбалер од Реал Мадрид настапува во Витезе игра се подобро и подобро.

Се почесто Одегард привлекува внимание со своите голови и потези, а тој блескаше и во натпреварот за викендот кога неговиот Витезе играше против ПСВ.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Витезе и ПСВ одиграа натпревар кој на крајот заврши без победник 3:3. Фудбалерот кој се уште е млад и има само 20 години во 59-тата минута прими топка на средината на теренот и тргна во соло акција која ја заврши со погодок со удар од далечина.

https://www.youtube.com/watch?v=qJDcXpYjvjI

Освен погодок Одегард на овој натпревар се истакна и со еден фантастичен дриблинг.

Оваа сезона Одегард за Витезе одигра 29 натпревари постигна седум гола и запиша шест асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…