Дома Фудбал Англија Одегард: Сакам да ја освојам Премиер лигата и Лигата на шампионите со Арсенал

Одегард: Сакам да ја освојам Премиер лигата и Лигата на шампионите со Арсенал

Мартин Одегард ова лето се врати во Арсенал, откако „топџиите“ и „кралевите“ постигнаа договор после неговата позајмица.

Со Арсенал 22-годишниот фудбалер сака да освојува трофеи. Сега тој даде една изјава со која само ги насмеа навивачите затоа што не изгледа реално.

„Сакаме да се вратиме во европските натпреварувања и да ги освојуваме трофеите. Сакаме да ја освоиме Премиер лигата и Лигата на шампионите во следните години“, изјави Одегард.

Ова во овој момент не изгледа реално затоа што Арсенал се наоѓа на последното место на табелата во Премиер лигата. Арсенал за Одегард на Реал Мадрид му плати 35 милиони евра , а фудбалерот потпиша договор на четири години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Tuchel: England have levelled up by taking ‘calculated risks’

Having scored 14 goals in their first four Nations League matches, Thomas Tuchel believes …