Дома Трансфер зона Од Сити тврдат: Парите кои ние му ги дадовме на Халанд можеше да ги добие и од другите – не избра поради проектот!

Од Сити тврдат: Парите кои ние му ги дадовме на Халанд можеше да ги добие и од другите – не избра поради проектот!

Манчестер Сити успеа да ја победи конкуренцијата и го обезбеди потписот на Ерлинг Халанд.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


За Норвежанецот беа заинтересирани голем број европски клубови, а на крајот после Дортмунд се реши да оди во Манчестер. Се извршниот директор на „граѓаните“ истакна дека Халанд не ги избрал нив поради парите, туку поради проектот кој му бил претставен.

„Халанд не избра нас пред сите други, бројките од трансферот ги знаете. Тие не се астрономски и истата плата можеа да му ја обезбедат и другите големи клубови“, изјави Феран Соријано.

За Халанд Манчестер Сити издвои сума од 60 милиони евра поради клазулата во неговиот договор.

„Клучната работа поради која не избра нас е проектот кој му го претставиве. Парите кои ние му ги дадовме можеа да му ги дадат и Манчестер Јунајтед, Баерн и Реал Мадрид. Имаше можност да бира, не избра нас и среќни сме поради тоа“, заврши Соријано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…