Дома Трансфер зона Од сите кои беа вишок Барса може да ја напушти само Пјаниќ

Од сите кои беа вишок Барса може да ја напушти само Пјаниќ

Навивачите на Барселона на почетокот на летото се надеваа дека Самуел Умтити, Мартин Брајтвајт, Клемен Ленгле и Миралем Пјаниќ ќе го напуштат клубот. Но од нив изгледа може да си замине само Пјаниќ.

Умтити наводно ветил дека ќе ги намали примањата за потпише нов договор, примањата на Брајтвајт не се проблем, на него Барса сакаше да заработи околу 15 милиони евра откако одигра солидно ЕП. Ленгле е цврсто решен да остане.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пјаниќ е единствениот кој не се противи да замине затоа што не сака повеќе да седи на клупа. Проблемот е што не може во Јувентус или Фиорентина, во Торино пристигна Локатели, а во Фиренца Тореира. Сега според шпекулациите во игра се Рома и Наполи.

Исто така Роналд Куман им порачал на Рики Пуиг и Алекс Коладо дека нема да имаат минутажа во новата сезона, но и тие сакаат да останат и да се борат за своето место.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Сари добил понуда од Шпанија, но ќе го чека Милан?

Oставката на Маурицио Сари кон средината на март беше изненадување за многумина. Сепак, ја…