Дома Македонски спорт Од Летонија се враќаме со планираните три бода, а во нашата група сега е – „гужва пред гол“! (ВИДЕО)

Од Летонија се враќаме со планираните три бода, а во нашата група сега е – „гужва пред гол“! (ВИДЕО)

Денес нашата сениорска репрезентација запиша очекувана победа на гости против Летонија.

Летонија не е противник кој можеше да ни направи проблеми и тоа се виде и во натпреварот. Од самиот старт започнавме офанзивно, создававме прилики пред голот на домаќините.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Првата посериозна прилика ја имаше Тричковски кога одлично прими една долга топка од Пандев, шутираше, но голманот на Летонците одлично интервенираше.

Нападите продолжија и тоа се исплатеше веќе во 14-татата минута кога Горан Пандев беше егзектурот во една супер изработена акција.

Само три минути подоцна Барди еден „отпадок“ со удар од далечина претвори во погодок за 0:2.

Од тој момент изгледа малку како да се повлековме, Летонија немаше сили за нешто повеќе па сигурно го контролиравме натпреварот до самиот крај.

Она што е негативно од овој натпревар е што Енис Барди доби жолт картон кој значи дека ќе го пропушти натпреварот против Словенија.

После овој триумф остануваме на четвртата позиција, со осум освени бодови и само три помалку од второпласираната Словенија, Австрија има десет, Израел исто колку и нас (8)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…