Се е подготвено за да започне силниот меѓународен турнир во Стразбур. Од денес па се до недела, публиката во овој град ќе има можност да проследи квалитетни натпревари. Екипите веќе започнаа да пристигнуваат во Стразбург и да се подготвуваат за своите дуели.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Екипите се поделени во две групи. Во групата А се екипите на Вардар, ПСЖ и Брест Мешков, додека групата Б ја сочинуваат Нант, Монпелје и Веспрем.

Турнирот вечерва со почеток од 18:15 часот го отвараат екипите на ПСЖ и Брест Мешков, во меѓусебен дуел. Вториот натревар на денешната програма, е помеѓу екипите на Нант и Веспрем, кој започнува од 20:30 часот.

Вардар својот прв меч ќе го одигра во текот на утрешнот ден, каде за противник го има тимот на ПСЖ, дуел кој ќе стартува од 20:15 часот, претходно силите ќе ги одмерат екипите на Нант и Веспрем. Во сабота, црвено-црните ќе го одиграат и вториот дуел на турнирот, против тимот на Брест Мешков (18:15).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Еден од најважните ракометари на Охрид си замина за да игра во Полска!

Шпанскиот ракометар Ориол Реј Моралес повеќе не е член на ГРК Охрид, соопштија од македонс…