Дома Топ вести Од Атлетико бесни на судијата: Вакви работи секогаш се случуваат на „Бернабеу“ (Фото)

Од Атлетико бесни на судијата: Вакви работи секогаш се случуваат на „Бернабеу“ (Фото)

Вчера на „Сантијаго Бернабеу“ беше одиграно дербито на Мадрид помеѓу Атлетико и Реал (1:1).

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На оваа средба домаќинот беше поблиску до победата, но сепак и Атлетико имаше свои шанси. Ремито не донесе многу ниту за едната, ниту за другата екипа, а после натпреварот од таборот на Атлетико беа бесни поради една судиска одлука.

Имено, во Атлетико се огорчени поради офсајдот кој во првото полувреме е досуден кога Витоло беше во прилика и се најде во ситуација „еден на еден“ со голманот на Реал.

На фотографијата поставен на Твитер може да се забележи дека дури и Витоло да е најблиску до голот се наоѓа на својата половина, што секако не е недозволена позиција.

„Изгледа дека вакви работи секогаш се случуваат тука“, порачаа од Атлетико по натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Делегација на Барселона пристигна во Мадрид за клучен состанок за Алварес

Раководството на Барселона продолжува со напорите да го доведе напаѓачот на Атлетико Мадри…