Дома Трансфер зона Ова се oпциите за Роналдо доколку заминува!

Ова се oпциите за Роналдо доколку заминува!

Навивачите на Реал Мадрид се загрижени откако според медиумите Кристиано Роналдо одлучил да го напушти Мадрид.

Португалецот е обвинет дека затајувал данок и дека на Шпанија и нанел штета од повеќе милиони, па поради тоа наводно тој одлучил дека е време да замине.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


После ова како еден од главните кандидати за негово доведување се истакна Манчестер Јунајтед. Жозе Мурињо и сите навивачи на „Црвените ѓаволи“ сакаат повторно да го видат Португалецот во дресот на клубот од „Олд Трафорд“, но прашање е дали клубот може да си дозволи играч како Роналдо.

Но, ако тоа е проблем за Јунајтед, не е за ПСЖ. Богатиот клуб од Париз во последните години доведе бројни ѕвезди, а доколку успеат да го доведат Роналдо тоа би било нешто посебно.

Од останатите клубови во Европа се споменува уште големиот ривал на ПСЖ, екипата на Монако. Клубот од кнежеството исто така располага со голема количина на средства, додека кога во прашање се клубовите надвор од стариот континет, се споменува Лос Анџелес Галакси и уште неколку кинески клубови.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се откажал од Дејвис – има ново решение!

Алфонсо Дејвис долго време се најавува како засилување на Реал Мадрид, меѓутоа тој трансфе…