Дома Трансфер зона Обамејанг се сели во Астон Вила

Обамејанг се сели во Астон Вила

Пјер Емерик Обамејанг ова лето пристигна во Челзи од Барселона, но набрзо може да направи нов трансфер.

Тој дојде во Челзи по барање на Тухел и не добива голема минутажа кај Потер, па сака во јануари да ја промени средината.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Се шпекулираше дека би можел да се врати во Барселона, но од тоа нема ништо бидејќи раководството на Ла Лига не им дозволува трансфери на Каталонците поради лимитот за плати.

Ситуацијата внимателно ја следи Астон Вила, клуб кој покажува најсериозен интерес за Обамејанг.

Клубот од Бирмингем има потреба од напаѓач и му нуди на Обамејанг место во стартниот тим, а сака да го доведе на позајмица со право на откуп на лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…