Дома Македонски спорт Мак фудбал „Нула“ на Работнички и Шкендија, деби триумф за Васоски со „пандевци“, Ренова убедлива против Вардар

„Нула“ на Работнички и Шкендија, деби триумф за Васоски со „пандевци“, Ренова убедлива против Вардар

Денес на програмата во македонскиот фудбал беше 21. коло.

Работнички уште еднаш покажа дека е во добра форма и на Арената „Тодор Проески“ одигра 0:0 со Шкендија. Гледавме еден натпревар во кои и двете екипи во одредени периоди имаа свои моменти, но на крајот мрежите мируваа.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вардар одигра слаб натпревар и доживеа убедлив пораз од Ренова на гости кај Ренова. Ренова славеше со 3:0, а головите ги постигнаа Шефити и два Селмани.

Александар Васоски дојде до прв триумф со Академија Пандев. „Пандевци“ на домаше терен славеа со Македонија Ѓорче Петров со резултат 2:1. Радески ги доведе Струмичани во водство после 10 минути игра, Божиновски изедначи во вториот дел, а Крстоски на четири минути пред истекот на регуларните 90 донесе победа за домаќините.

Пелистер со гол во 92. минута дојде до победа против Струга Трим Лум, минимална победа запиша и Шкупи на гости во Кратово кај Силекс, додека Борец дома триумфираше со Беласица 2:1.

Фото: ФК Работнички

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

ПСЖ го сака Де Јонг, Барса ја одреди цената

Френки Де Јонг би можел да биде еден од играчите кои би можеле да ја наполнат касата на Ба…