Дома Фудбал Италија Новиот „бодигард“ на Роналдо и Дибала – Марио Манџукиќ (фото)

Новиот „бодигард“ на Роналдо и Дибала – Марио Манџукиќ (фото)

Во Торино владее вистинска лудница и со нетрпение се чека почетокот на сезоната.

Јувентус традицијално на навивачите им се претстави со натпреварот помеѓу А и Б тимовите, на оваа средба својот прв гол во црно-белиот дрес го постигна Кристиано Роналдо.

Секако, на оваа средба иако Јувентус доведе и други засилувања во центарот на вниманието беше Португалецот.

На друштвените мрежи се појави една фотографија која брзо стана хит, а „виновникот“ е Марио Манџукиќ.

Покрај Хрватот на фотографијата се наоѓаат Кедира, Емре Чан и Бенатија.

Навивачите на Јувентус веднаш го забележија ставот на Манџукиќ и го опишаа како новото обезбедување на Кристиано Роналдо и Паоло Дибала.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Вирџил ван Дајк заминува во Милан во 2027 година

Според италијански извори, Вирџил ван Дајк планира да се пресели во Милан во 2027 година, …