Рафаел Леао игра во одлична форма во дресот на Милан, а тоа го покажа на последните натпревари против Наполи и Лече.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Кога Леао игра во таква форма Милан е многу поопасен пред противничкиот гол. Сакајќи да опише колку е добар италијански новинар предизвика бурни реакција со својата изјава.
„Знаеме кој е Леао не му дозволувајте да тргне во „слалом“. Можете да добиете жолт, црвен, портокалов картон, каков било, скршете му ги нозете“, порача новинарот Микеле Криштиело.
На ова возврати напаѓачот.
„Проблемот не е во оние кои ги пишуваат ваквите работи, туку оние кои тоа им го дозволуваат“, истакна фудбалерот.
Кришитиело потоа се огласи повторно и се обиде да објасни.
„Навистина ли не ја разбирате поентата на ова? Леао е феноменален, затоа може да се запре само со „кршење на нозете““.
O problema não é quem diz mas quem os deixa dizer este tipo de coisa .. 😴 https://t.co/MUsXVfdz8s
— Rafael Leão (@RafaeLeao7) April 26, 2023