Додека англиската и светската фудбалска јавност е во шок поради несреќата која му се случи на Лестер, денес уште една трагедија го потресе Островот.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Имено, За време на мечот меѓу Брајтон и Вулверхемптон починал навивач на домашните.
Како што информираа од Брајтон, навивачот бил да го гледа натпреварот заедно со својот син. Во еден момент му се слошило, веднаш се активирале лекарските служби по што итно е префрлен во најблиската клиника, но таму била само констатирана неговата смрт.
Клубот испрати сочуство до семејството на починатиот, а медиумте вчерашниот ден го нарекоа „црн“ за англискиот фудбал.