Дома Фудбал Останато Нова жртва на данокот во Шпанија: Санчез осуден на 16 месеци затвор!

Нова жртва на данокот во Шпанија: Санчез осуден на 16 месеци затвор!

Проблемите со данокот во Шпанија не престануваат, следна жртва е новото засилување на Манчестер Јунајтед, Алексис Санчез.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, Санчез бил дури и осуден на затворска казна од 16 месеци, но Чиелаенцот успеал да се договори со властите во Шпанија па нема да заврши зад решетки.

Новиот фудбалер на Манчестер Јунајтед е осуден за затајување на данок од милион евра. Според законот во Шпанија ќе биде поштеден од затворска казна бидејќи казната е помала од две години, но и поради тоа што прв се соочува со ваков проблем.

Поранешниот напаѓач на Барселона ја признал вината и ќе плати одреден износ. Чилеанецот се обвинува дека во времето кога настапувал за Барселона 2012 и 2013 година не го пријавил приходот на имиџот од своите права.

Проблеми со данок помеѓу останатите во Шпанија имаа Кристиано Роналдо, Лионел Меси, Рикардо Карваљо и Жозе Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Неверојатниот Хари Кејн ги урна соништата на Конго! (Видео)

Фудбалската репрезентација на Англија, водена од извонредниот Хари Кејн, направи значителе…