Анхел ди Марија е на излезна врата од Пари Сент Жермен, а неговиот агент Жорге Мендеш работи да го донесе Аргентинецот во Серија А.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Имено, португалскиот супер-агент започнал преговори со Интер и прави се што е во негова моќ да го донесе Ди Марија на „Џузепе Меаца“.
Италијанските медиуми тврдат дека трансферот на Ди Марија зависи од продажбата на Жоао Марио. За португалскиот репрезентативец нема место во Интер, а „нероаѕурите“ сакаат со неговата продажба да го финансираат трансферот на Ди Марија.
За Жоа Марио интерес покажуваат неколку клубови од Премиер лигата, пред се Вулверхемптон, а олеснителна околност е што Жорге Мендеш е агент на двајцата фудбалери, па веќе ја започнал операцијата.
PSG star Angel Di Maria wanted by Inter Milan with Thomas Tuchel looking to sell Argentine ~ https://t.co/wVeUloUBAk pic.twitter.com/Rp5ekDcdWD
— Automatic Blogging (@MyAutoBlogging) July 16, 2018