Манчестер Јунајтед синоќа одигра 0:0 против Саутемптон, а покрај поведата на Ромелу Лукаку, „црвените ѓаволи“ останаа и без другиот напаѓач, Златан Ибрахимовиќ.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Ибра оваа сезона одигра само седум натпревари бидејќи се рехабилитираше од тешка повреда на лигаментите на коленото.
Швеѓанецот не играше против Саутемптон, но после натпреварот Жозе Мурињо потврди дека Ибрахимовиќ повторно ќе паузира, овој пат само еден месец.
„Ќе бидеме без Ибрахимовиќ цел месец. Неговиот пат кон целосно опоравување е запрен. Повторно истото колено, а тоа е страшен проблем за играч на 36 години. Ибра е лав и ќе се опорави, но не му е лесно“, изјави Мурињо.
Манчестер Јунајтед следниот натпревар го игра на први јануари против Евертон, кога готово сигурно нема да игра на Ромелу Лукаку.