Веќе е познато дека Нусаир Мазрауи извесен период ќе биде надвор од терените поради проблеми со срцето, а сега се појави нов проблем за Ерик Тен Хаг.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Имено, за натпреварот против Брентфорд холандскиот стратег ќе го нема на располагање младиот Коби Мејну кој го пропушти и натпреварот за националнјиот тим во изминатата недела.
Според најавите Мејну ќе биде надвор од терените до крајот на месецот, но можеби и подолго, а тоа сигурно ќе биде проблем за гигантот од „Олд Трафорд“.
Тен Хаг сепак доби и малку добри вести бидејќи од вчера со тимот тренираа Алехандро Гарначо и Амад Дијало. Блиску до враќање на терените се Лук Шо и Мејсон Маунт.