Ѕвездата на Реал Мадрид, Еден Азар ќе мора да оди на операција во следните денови, потврдија од клубот.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Азар денешниот тренинг го напуштил по само десетина минути. Потврдена е повреда на зглобот која мора да се санира со операција.




Станува збор за хируршка интервенција на десниот зглоб, каде треба да му биде вграден фиксатор за пукнатата коста.




Азар нема среќа со повредите, па откако пристигна во Реал Мадрид пропушти многу натпревари и го загуби првотимскиот статус.