Дома Трансфер зона Ништо од враќање во Италија, Кеси се сели во Премиер лигата

Ништо од враќање во Италија, Кеси се сели во Премиер лигата

Френк Кеси е еден од играчите кој на крајот на сезоната ќе ја напушти Барселона, тврди каталонски „Спорт“.

Кеси не е задоволен од третманот што го има во Барселона каде добива мала минутажа и главно е на клупата за резерви.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Чави исто така смета дека Кеси не се вклопува во неговиот стил на игра, па Барселона го стави на продажба.

Иако се шпекулираше со негово враќање во Италија, сепак Кеси во моментов е најблиску до Премиер лигата.

Имено, Тотенхем покажува силен интерес за играчот за врска и е спремен да понуди 25 милиони евра, колку што бара Барселона за неговата слобода.

Интер и Јувентус исто така се заинтересирани за Кеси, но го сакаат на позајмица.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

„Бомба“: Баерн Минхен го сака Ван Дајк

Фудбалерот на Ливерпул Вирџил ван Дајк размислува да го напушти клубот.  Ван Дајк нал…