Дома Македонски спорт Мак баскет Николиќ се пожали за казната: Ме направија како да сум сериски убиец!

Николиќ се пожали за казната: Ме направија како да сум сериски убиец!

Драган Николиќ во текот на вчерашниот ден доби суспензија од десет натпревари за глупоста против Кожув во која собори противнички кошаркар, а набрзо по таа суспензија МЗТ објави дека ја прекинуваат соработката.

Во изјава за српскиот „Спортски Журнал“ Николиќ изрази незадоволство од казната која ја доби.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Ме направија како да сум сериски убиец. Се што сакав е да ги размрдам моите кошаркари, во тој момент налета Американецот Гордон. Тој се удри во мене и јас му подарив рака за извинување и тоа беше прифатено од негова страна.

Се поздравив и си заминав во соблекувалната. Знаев дека ќе добијам казна, но не очекував дека ќе биде вака висока.  За мене ова е пекол, ми ја одземаа титулата шампион на Македонија“, изјави Николиќ.

До крајот на сезоната на клупата на МЗТ, Николиќ ќе биде наследен од Васко Атанасов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Модриќ испиша историја: Против Баерн сруши голем рекорд

Реал Мадрид со оглед на играта има задоволувачки резултат во првиот полуфинален натпревар …