Дома Фудбал Останато Нешто дефинитивно се случило: Реал Мадрид продолжува да го игнорира Роналдо

Нешто дефинитивно се случило: Реал Мадрид продолжува да го игнорира Роналдо

ronaldo

Вчера еден од најдобрите фудбалери во историјата, Кристиано Роналдо го прослави својот 34-ти роденден.

Португалецот после низа успешни години во Реал Мадрид минатото лето се одлучи за нов предизвик кога Шпанија ја замени со Италија и потпиша за Јувентус.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


И покрај тоа што наполни 34 години Роналдо се уште игра на највисоко ниво. Во минатонеделното реми со Парма постигна два гола и забележа една асистенција. Оваа сезона во Серија на 22 натпревари постигна 17 голови и додаде 7 асистенции.

Од Реал Мадрид замина како најдобар стрелец во историјата на клубот. Постигна 450 голови на 438 натпревари и беше најдобар играч во тимот кој три години во низа ја освојуваше Лигата на шампионите. Сепак, такво нешто не беше доволно за Реал да му го честита роденденот.

Спортинг Лисабон каде што ја започна кариерата и Манчестер Јунајтед каде што се изгради како играч му го честитаа роденденот преку сите друштвени мрежи, но Реал од некоја причина тоа не го направи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…