Дома Фудбал Останато Несторовски: Ќе го победам овој предизвик и ќе се вратам посилен!

Несторовски: Ќе го победам овој предизвик и ќе се вратам посилен!

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски ќе мора да паузира неколку месеци, што ќе биде големо разочарување за напаѓачот бидејќи ќе го пропушти Европското првенство.

Тој заработи повреда на вкрстените лигаменти и ќе мора да биде опериран, па дефинитивно ќе остане без сонот да заигра на Европското првенство ова лето.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Целата фудбалска репрезентација му испрати пораки со поддршка на голгетерот, а сега се огласи и самиот Несторовски.

„Жал ми е, но подготвен сум да станам и да се борам. За жал, оваа повреда нема да ми дозволи да играм на Европското првенство со Македонија, на што бев многу желен. Но, ќе дадам сè од себе и ќе го победам овој предизвик, да се вратам посилен од порано. Сакам да им се заблагодарам на моето фантастично семејство, на соиграчите, пријателите и навивачите кои ми напишаа и ме натераа да се чувствувам сакан повеќе од кога било во ова тешко време. Благодарност и до професорот Маријани и неговиот тим. Патот е тежок, но јас сум подготвен“, напиша Несторовски на социјалните мрежи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…