Дома Топ вести Нема тајни: Познати составите за Ел Класико

Нема тајни: Познати составите за Ел Класико

Неколку дена пред дуелот на титаните, Реал Мадрид и Барселона, стартните тимови се скоро целосно познати, тврди „Марка“.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Зинедин Зидан нема причина да не започне со својата „омилена“ постава со која пред неколку месеци триумфираше во Кардиф во финалето од Лигата на шампиони.

Карим Бензема и Кристиано Роналдо ќе го предводат нападот на „кралевите“, а малку позади нив ќе дејствува Иско.

Од двете страни на средината на теренот ќе застанат Лука Модриќ и Тони Крос, а нивниот грб ќе го штити Каземиро кој ќе биде задолжен за да ги „сече“ акциите на противникот. Пред Кејлор Навас ќе игра добро познатата четворка: Дани Карвахал, Варан, Серхио Рамос и Марсело.

Од друга страна и Валверде нема многу простор за маневар во тимот. Повредите на Дембеле, Делуфеу и Пако Алкасер го принудуваат да излезе со формација 4-4-2.

Лео Меси и Суарез ќе играат во нападот, а Паулињо ќе биде четвртиот „мускетар“ меѓу добро познатите борци – Ракитиќ, Бускетс и Иниеста.

Единствената дилема за Валверде е десната бековска позиција за која ќе конкурираат Серџи Роберто и Нелсон Семедо. Во срцето на одбраната партнер во Пике ќе биде Вермален во отсуство на Умтити, а на левата бековска позиција ќе биде стандардниот Жорди Алба. На голот Марк Андре тер Штеген е неприкосновен.

Составите за Ел Класико:
Реал Мадрид: Навас – Карвахал, Варан, Рамос, Марсело – Каземиро, Модриќ, Крос – Иско, Роналдо и Бензема.

Барселона: Тер Штеген – Серџи Роберто/Семедо, Пике, Вермален, Алба – Бустектс, Ракитиќ, Иниеста, Паолињо – Меси и Суарез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Шкендија не победи и во Кратово, сега чудо треба да го спречи Вардар да ја освои титулата! (Видео)

Со два натпревари денеска беше отворено 30. коло во Првата македонска фудбалска лига, во к…