Дома Кошарка Неверојатно: Јокиќ го изгубил МВП трофејот – не знае каде му е!

Неверојатно: Јокиќ го изгубил МВП трофејот – не знае каде му е!

Никола Јокиќ со Денвер одигра историска сезона во која овој тим го предводеше до првата историска титула, а тој го одоби признанието за МВП во финалната серија.

Новинарката на „ЕСПН“ се изненади кога Јокиќ на интервјуто се појави без трофеј.

„Ќе ви кажам нешто, направив неколку интервјуа со играчи кои биле МВП во финалето и сите дојдоа со трофеј, вие сте првиот кој доаѓа без него“, констатираше Малика Ендруз.

Јокиќ одговори во свој стил.

„Навистина не знаев каде е. Го оставив во собата на Спарки (економот на Девер) и од тогаш го нема. Во овој момент не знам каде, но се надевам ќе ми го достават дома“, изјави Јокиќ.

Во текот на финалната серија Јокиќ имаше просек од 30.2 поени, 14 скока, и 7.2 асистенции по натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Вилдоза: Полесно ми беше да заминам во Олимпијакос отколку да го облечам дресот на Партизан

Аргентинскиот бек објасни зошто доаѓањето во Партизан му било необично по настапите за Црв…