Дома Фудбал Репрезентации Неверојатно: Требаше да стане најмладиот играч во историјата на Копа Америка, но нема да настапи поради родителите

Неверојатно: Требаше да стане најмладиот играч во историјата на Копа Америка, но нема да настапи поради родителите

Суперталентираниот фудбалер Мојсес Паниагуа (16) требаше да биде најмладиот играч на претстојното издание на Копа Америка во репрезентацијата на Боливија, но на крајот не успеа да добие виза за влез во Соединетите Американски Држави.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Паниагва, кој влезе во историјата на Копа Либертадорес како втор најмлад стрелец на сите времиња, беше на прагот да го исполни својот сон да игра во континентално натпреварување за својата репрезентација на само 16 години.

Меѓутоа, неговите соништа пропаднаa поради неговите родители, односно не успеал да добие виза за влез во Соединетите Американски Држави бидејќи неговите родители не го потпишале одобрението.

Младиот офанзивен играч за врска беше на списокот на селекторот Зага за Копа Америка, но не доби целосно одобрение од родителите за патување. Неговиот татко не бил во земјава кога требало да ја потпише согласноста, додека случајот со неговата мајка не е познат.

Боливиската фудбалска федерација соопшти дека Паниагва е именуван на списокот за патувања за САД, иако конечниот список со 26 играчи за Копа Америка сè уште е објавен.
Инаку, Боливија е во групата Ц, во која се и САД, Парагвај и Панама. Првиот натпревар ќе го одиграат против домаќините на 23 јуни во Арлингтон (Тексас).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Да се знае кој е главен: Мурињо со првата одлука тројца „ги фрли на колена“, па одбра нови луѓе!

Нов тренер на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, реши да направи низа промени во составот, а компле…