Често пати сме биле сведоци на неверојатни лудости на навивачите поради својот омилен тим, а уште една таква ни доаѓа сега од Аргентина.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Навивач на Ривер Плата по своето тело има дури 320 тетоважи посветени на аргентинскиот гигант. Од сите 320 дури 300 се логото на Ривер и како што пренесуваат медиумите во Аргентина порачал дека не сака тука да застане и ќе стави уште 33.
Оваа информација медиумите ја објавија по поразот на Ривер во полуфиналето од Копа Либертадорес од Атлетико Минеиро со 3:0, па сега ќе им биде потребно чудо за враќање во реваншот.