Дома Фудбал Репрезентации Не му помогна ни видео технологијата: Најдобриот српски судија изгуби контрола на финалето

Не му помогна ни видео технологијата: Најдобриот српски судија изгуби контрола на финалето

Милорад Мажиќ, најдобриот српски фудбалски судија, имаше чест да го суди финалето на Купот на конфедерации во Русија во кое играа Германија и Чиле. Но, славниот арбитар се увери дека таа чест си има и своја цена.

Својот медал за одсуденото финале Мажиќ го прими проследен со многу свирежи поради лабилните одлуки во тензичното финале во кое Германија славеше со 1:0, со погодок после грешката на чилеанскиот одбранбен играч.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


После солидниот прв дел во кој беше речиси невидлив, Мажиќ кон крајот на натпреварот почна да губи контрола. Првиот поголем инцидент се случи во 59-та минута, кога за малку ќе се степаа Џошуа Кимих и Артуро Видал, соиграчите од Баерн Минхен. Се вмешаа и други играчи, па и самиот Мажиќ, но набрзо ситуацијата се смири и Мажиќ покажа разбирање поштедувајќи ги од најстрогата казна двајцата играчи, давајќи им само жолти картони.

Во тој момент Чиле го бркаше заостанувањето, играчите стануваа сè понервозни, а прекршоците сè поостри. Во 65-та минута дојде до најспорниот момент на натпреварот.

Гонзало Јара со брутален удар со лакот го сруши на земја Вернер, а Мажиќ не го виде добро инцидентот, па одлучи да го искористи новото правило од ФИФА и да ја погледа видео снимката. После консултациите се врати и покажа само жолт картон, на општо изненадување на публиката и гледачите, кои Мажиќ го „распнаа“ со критички коментари на социјалните мрежи. Еве го спорниот момент, а вие сами одлучете дали српскиот арбитар требаше да досуди најстрога казна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Бројките не лажат: Го гледаме најлошиот Манчестер Јунајтед во историјата!

Манчестер Јунајтед вчера приреди уште едно разочарување за своите навивачи со поразот од К…