Дома Трансфер зона Не е само Јовиќ, Милан сака уште еден играч на Реал Мадрид

Не е само Јовиќ, Милан сака уште еден играч на Реал Мадрид

Милан минатата година го донесе Тео Хернандес од Реал Мадрид и тоа се покажа како една од најдобрите аквизиции за „росонерите“ изминатите години.

Милан ова лето сериозно е заинтересиран за напаѓачот Лука Јовиќ за кого веќе започна преговори со Реал Мадрид.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меѓутоа, „Скај Италија“ открива дека двата клуба преговараат и за талентот на „кралевите“ Оскар Родригез, кој оваа сезона игра на позајмица во Леганес.

„Росонерите“ се сериозно заинтересирани за офанзивниот играч за врска, кој оваа сезона постигна 9 гола и запиша 5 асистенции на 29 настапи.

Милан наводно е спремен да плати 20 милиони евра за неговиот потпис, а Реал нема против да го продаде фудбалерот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал и ПСЖ се „тепаат“ за големиот аргентински талент

Реал Мадрид и ПСЖ покажуваат сериозен интерес за големиот аргентински талент на Ривер Плат…