Поранешниот газда на Милан, Силвио Берлускони е сопственик на Монца, која следната сезона ќе игра во Серија А, па поради тоа неговите амбиции се големи.




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Берлускони заедно со Адријано Галијани планираат да ги ангажираат Мауро Икарди од ПСЖ, како и Паоло Дибала, чиј договор со Јувентус му заврши и сега е слободен фудбалер.




Првиот човек на Монца вчера разговарал со Ванда Нара, која е сопруга и агент на Икарди, па наскоро се очекува да биде постигнат договор за враќање на Аргентинецот во Италија.,




Берлускони веднаш потоа ќе тргне и по потписот на Дибала, но конкуренцијата ќе биде посилна затоа што се заинтересирани Интер и Милан за одличниот фудбалер.