Дома Трансфер зона Не беше добар за Милан, но оваа сезона се врати во живот и сега го сака Барселона

Не беше добар за Милан, но оваа сезона се врати во живот и сега го сака Барселона

Португалскиот напаѓач Андре Силва летото 2017 година од Порто пристигна како големо засилување во Милан, но на „Сан Сиро“ не се наигра.

Првата сезона Силва во поглемиот дел од сезоната ја помина на клупата за резерви иако клубот за него издвои дури 38 милиони евра. Но, очигледно „росонерите“ немаа трпение со него и го испратија на Севиља каде што експлодираше.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Овој 23 годишен напаѓач во досегашниот дел од сезоната одигра 21 натпревар и постигна девет погодоци, од кои дури осум во Ла Лига на 14 натпревари. Севиља е одлучна да го откупи неговиот договор, но сега се појави нов клуб во игра.

Шпанските медиуми сега пренесуваат дека интерес за Силва покажала Барселона која бара замена за Луис Суарез. Во Барселона веруваат дека Силва би бил одлична замена за Уругваецот.
Севиља има право да го откупи договорот на Силва за сума од 22 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер почна преговори со дефанзивецот на Реал

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо на лето како слободен агент ќе го напушти клубот, а неко…