Дома Останати Најдобрата светска тенисерка нема да настапи на Ју-Ес Опен: Сакам да играм, но страв ми е…

Најдобрата светска тенисерка нема да настапи на Ју-Ес Опен: Сакам да играм, но страв ми е…

Најдобрата тенисерка во светот Ешли Барти реши да не учествува на турнирот на Ју-Ес Опен, кој е закажан да се одржи од 31 август до 13 септември.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Таквата одлука можеше да се почуствува уште кога првата тенисерка во светот не се појави на листата на пријавени за турнир закажан пред Ју-Ес Опен.

„Сакам да играм на турнирите, па ова беше тешка одлука за мене. Постои голем ризик со вирусот и не сакам да ја жртвувам мојата екипа и себе“, соопшти Барти.

Се очекува уште многу тенисерки и тенисери да се откажат од патувањето во Њујорк, без оглед на значењето на големиот турнир.

Освен Барти, на листата на пријавени за турнирот кој му претходни на Ју-Ес Опен не се пријавени уште Елина Свитолина, Бјанка Андреску и Наоми Осака, кои се во топ-10 на ВТА-листата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Костјук победи во украинското дерби на Ролан Гарос, па се расплака (Видео)

Украинската тенисерка Марта Костјук успеа да се пласира во полуфиналето на Ролан Гарос, от…