Дома Трансфер зона Најверојатно сценарио за Роналдо е враќање на „Олд Трафорд“

Најверојатно сценарио за Роналдо е враќање на „Олд Трафорд“

Шпекулациите околу иднината на Кристиано Роналдо повторно се главна тема во италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


После мечот со Џенова Роналдо изрази големо незадоволство и го фрли дресот, па медиумите тврдат дека на крајот на сезоната сигурно ќе го напушти Јувентус.

„Калчомеркато“ пренесува дека главната причина поради која Роналдо може да остане во Италија е новиот закон кој им дозволува на странците големи даночни олеснувања.

Никаде на друго место Роналдо не може да биде ослободен од 50% од своите приходи, па поради тоа неговиот менаџер инсистира да остане во Јувентус до крајот на договорот.

Поради тоа, доколку Португалецот го напушти Јувентус најверојатно сценарио е негова преселба на „Олд Трафорд“. Роналдо во неколку наврати изјави дека би сакал да се врати во Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…