Со голема радост ве информираме дека пред нас е долгочекуваното национално првенство во триатлон во Дојран кое ќе се одржи на 20. септември 2020 година (недела).
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Настанот ќе биде комплетно организиран под строги безбедносни протоколи пропишани од надлежните институции, а со цел заштита на учесниците и на сите инволвирани од коронавирусот.
Натпреварувањето кое ќе се бодува за шампионат на Македонија во триатлон е во организација на Триатлон федерацијата на Македонија и на општина Дојран. Помагатели се Агенцијaта за млади и спорт и Олимписки Комитет на Северна Македонија. На настанот ќе има над 80 учесници во 12 категории. Триатлон спортот во Македонија засилено расте и напредува и очекуваме убаво организирана и силна трка во недела во Дојран.
Ги повикуваме сите учесници на настанот, без исклучок, да ги почитуваат протоколите и мерките за заштита од COVID-19. Носењето маска, пред и по трката, е задолжително. Избегнувајте групирање, одржувајте физичка дистанца и редовно дезинфицирајте ги рацете на пунктовите кои ќе бидат поставени за таа цел.
Триатлонот во Дојран нека биде еден убав настан, каде на сите начини ќе ја докажеме спортската дисциплина и одговорност кон другите!