Дома Топ вести НАТПРЕВАР ЗА ПАМЕТЕЊЕ: Виљареал и Барселона приредија спектакл! (ВИДЕО)

НАТПРЕВАР ЗА ПАМЕТЕЊЕ: Виљареал и Барселона приредија спектакл! (ВИДЕО)

Вечерва во Примера се одигра еден од најинтересните натпревари оваа сезона во шпанската прва Лига, а го одиграа Виљареал и Барселона.

Ништо на почеток не најавуваше дека ќе гледаме супер интересен натпревар, се најавуваше само убедлива победа на Барселона. Во првите 16 минути на теренот блескаше Бразилецот Малком. Прво во 12-тата минута Малком му асистираше на Кутињо кој погоди за водство. Само четири минути подоцна после нафрлувањето од Видал Малком самиот се запиша во листата на стрелци за предност од 0:2 на Барселона.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Чукуензе во 23-тата минута посл една одлична акција на фудбалерите на Виљареал успеа да намали на 1:2.

Тоа беше и резултатот со кој замина на полувреме.

Во вториот дел започна големиот пресврт на домаќините. Екамби прво погоди во 50-тата минута и тоа откако Тер Штеген направи една катастрофално лоша проценка.

Ернесто Валверде во 61-та минута на теренот на местото на Кутињо го испрати Лионел Меси кој не беше во стартниот тим со цел добие мал одмор. Меѓутоа само една минута после влегувањето на Меси Ибора погодува за целосен пресврт од 3:2.

На местото на стрелецот на вториот гол Екамби во 74-тата минута во игра влезе Карлос Бака. Шест минути подоцна Карлос Бака го матира Тер Штеген за 4:2.

И тогаш кога сите мислеа дека Виљареал ќе ја победи Барселона на сцена стапи Лионел Меси нова магија од слободен удар. Оваа магија на Меси беше надополнета со волеј на Луис Суарез во финишот за неверојатни 4:4!.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Баерн Минхен ја купува ѕвездата на Лајпциг

Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен на лето ќе водат голема битка за ѕвездата на Лајпциг и ш…