Дома Фудбал Наполи им забрани на Гатузо и играчите да даваат изјави после натпревар

Наполи им забрани на Гатузо и играчите да даваат изјави после натпревар

Наполи вечерва доживеа пораз на гостувањето кај Аталанта (4:2) во рамките на 23. коло од Серија А.

Наполитанците и вечерва ги разочараа своите навивачи и се повеќе заостануваат зад водечките екипи.

Јасно е дека во соблекувалната не владее најдобра атмосфера, а тоа го потврди и потегот од челниците на клубот. Имено, тие одлучиле Џенаро Гатузо и играчите да не даваат изјави после натпреварите.

Италијанските медиуми пишуваат дека играчите на Наполи само поминале покрај новинарите, а Гатузо не се појавил на прес конференцијата.

Исто така, тоа најверојантно значи и дека Гатузо може да добие отказ во наредните денови, за кој се шпекулира веќе некое време.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мак Алистер откри болна порака од Ливерпул: Засега не планираат нов договор

Аргентинецот сака да остане на „Енфилд“, но откри дека минатата сезона добил порака оти пр…