Дома Македонски спорт Наполи добил две понуди за Елмас од по 20 милиони евра

Наполи добил две понуди за Елмас од по 20 милиони евра

Македонскиот фудбалер Елиф Елмас во Наполи не добива минутажа каква што јавноста очекува.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Елмас ретко кога е стартер најчесто влегува од клупата во второто полувреме. Од Наполи неодамна порачаа дека Елиф не е на продажба.

„Елиф сака да ја заврши сезоната во Наполи, не сака да си замине, а во јуни ќе се сконцентрира на Европското првенство со Македонија, која ќе дебитира“, изјави пред неколку дена менаџерот на македонскиот фудбалер.

Меѓутоа сега Италијанците објавија дека во Неапол пристигнале две понуди за Елмас во износ од 20 милиони евра. Во овој момент имињата на клубовите не се откриваат.

И покрај тоа што порачаа дека Елмас не е на продажба, сепак ситуацијата може и да се промени ако понудата е добра. Со оглед на ситуацијата и загубите од коронавирусот не се исклучува да видиме заминувања овој јануари од Наполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…