Напаѓачот на Ливерпул, Дивок Ориги може да ја продолжи кариерата во Астон Вила, пренесуваат медиумите на Островот.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Ориги изминатите две сезони беше џокер од клупата, постигна два гола во сензационалната победа над Барселона во полу-финалето во Лигата на шампионите, а беше стрелец и во финалниот меч пртив Тотетнхем.
Меѓутоа 25-годишниот Белгиец сака да ја промени средината и да се пресели во клуб каде ќе добива поголема минутажа.
Астон Вила покажува најсериозен интерес за неговиот потпис е спремна да понуди 20 милиони фунти.