Дома Останати Тенис Наоми Осака ја победи Каролина Плишкова и обезбеди финале против Квитова

Наоми Осака ја победи Каролина Плишкова и обезбеди финале против Квитова

Јапонската тенисерка Наоми Осака се пласира во ново големо финале на Гренд Слем турнирите.

Денеска Осака имаше тешка задача бидејќи играше против далеку поискусната Плишкова, но после големата борба успеа да ја порази со 2:1 во сетови.

Првиот сет и припадна на Јапонката која после два направени брејка славеше со 6:2, а Плишкова во продолжение го изедначи резултатот славејќи во вториот сет со 6:4. Сепак, Осака беше подобра во одлучувачкиот период и славеше со 6:4, со што обезбеди пласман во големото финале.

Таму ја чека дуел против Петра Квитова која претходно ја порази Колинс. Ова ќе биде прв двобој на овие две тенисерки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Лина Ѓорческа со голем пад на ВТА листата

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа забележа значителен пад на најновата ВТА-ранг-листа и…