Дома Тенис Надал ја прекинува кариерата после Ролан Гарос, има „мртво стапало“

Надал ја прекинува кариерата после Ролан Гарос, има „мртво стапало“

Шпанскиот тениски експерт и новинар на „Кадена Копе“, Анхел Гарсија откри шокантни детали за повредата на Рафел Надал.

Анхел Гарсија открива дека Надал решил да преземе ризичен чекор со анестезирање на стапалото за да не ги чувствува болките, се со јасна цел да дојде до 14-та титула на Ролан Гарос.

 Новинарот е сигурен дека Надал нема да настапи на последните два гренд слем турнири годинава, Вимблдон и УС Опен и прашање на време е кога ќе објави крај на кариерата.

„Рафа има целосно „анестезирана нога“ поради ризичниот лекарски третман кој го направи само за да може да игра во Париз. Има големи болки во стапалото, а една коска има некроза и практично „умира“. Ќе се бара решение и можеби ќе се наде, но сигурно е дека Надал нема да игра тенис по Ролан Гарос и тоа се додека не се најде вистинското решение за повредата. Иако игра со големи болки и ќе има последици по гренд слем турнирот, Надал смета дека Ролан Гарос е вреден за тоа“, откри Гарсија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Евлоев запрен во втората рунда, Пеце со македонско знаме го прегрна успехот на синот

Александар Волкановски го задржа шампионскиот појас со технички нокаут во Абу Даби. Во сла…