Дома Останати Надал – Чилиќ прво полуфинале во Шангај

Надал – Чилиќ прво полуфинале во Шангај

Првиот носител на мастерс-турнирот во Шангај , Рафаел Надал, избори пласман во полуфиналето каде што противник ќе му биде Хрватот Марин Чилиќ.

На Надал потребни му беа два и пол часа да го скрши отворот на Димитров и славеше во три сета (6:4, 6:7, 6:3).


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Надал играше трпеливо од самиот почеток, дочека мал пад на концентрацијата кај Димитров во деветтиот гем од првиот сет и потоа го освои сетот. Бугаринот својата шанса ја дочека во тај-брејкот на вториот сет кога успеа да се врати од негатива 2:4 и да го израмни резултатот во сетови.

Жесток отпор Димитров даде во третиот сет, бараше начин да му го одземе сервисот на ривалот, но сепак Шпанецот беше тој што стигна до брејк, а потоа и до триумф од 2:1 во сетови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Таткото на Ѓоковиќ пренесен во болница, познато што се случило

Taткото на Новак Ѓоковиќ, Срѓан денеска беше пренесен во болница каде што е примен на одел…