Дома Останати Тенис Надал со револуционерен предлог: Тенисот би можел да претрпи голема промена!

Надал со револуционерен предлог: Тенисот би можел да претрпи голема промена!

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал го изгуби првото место на АТП листата откако во Париз го предаде мечот против Фернандо Вердаско поради повреда.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Веќе неколку пати Надал во јавноста зборуваше за овој проблем, а во последното интервју проговори и на една интересна тема.

Имено, Шпанецот ја критикуваше насоката во која оди тенисот и предложи да се промени едно од поважните прваила – сака укинување на вториот сервис.

„Тенисот оди во погрешна насока. Играчите се се посилни, а ако во следните години не пронајдеме добро решение, се плашам дека овој спорт ќе се основа на силината и на сервисот. Тоа може да биде опасно“.

„Сега немам некоја конкретна идеја, но не би било лошо доколку би се укинал вториот сервис“, изјави Надал.

Врвот на светскиот тенис веќе некое време разгледува предлози за овој спорт да го направи поинтересен, но засега ниту еден експеримент не се покажа како успешен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ивановски со силна порака по освоениот трофеј: Сакам да играм грен-слемови!

Со триумфот на турнирот „Македонија опен“ во Скопје, Калин Ивановски потврди дека успешно …