Шпанскиот тенисер Рафаел Надал реагираше на еден коментар на новинар, кој кажа дека за него важеле различни правила на турнирите.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Надал се пласира во второто коло на Ју-Ес опен по победата од 3-1 против Ринки Хиџиката, по што се појави на прес-конференцијата за медиумите.




Новинарот му забележа на Надал за тоа што не го почитува правилото од 25 секунди за сервис, а притоа ги обвини судиите дека му помагаат.




„Тоа е навистина смешно. Во кариерата сум имал многу казни. Никогаш не сум скршил рекет и не сум правел проблеми. Имам проблем со времето, но и јас многу се потам. Кога играте во тешки услови, се случуваат такви работи“, вели Надал.