Преодниот рок започнува за неколку дена, па шпекулациите околу можни трансфери стануваат се погласни.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Голманот на ПСЖ, Кевин Трап сака да го напушти клубот во јануарскиот преоден рок бидејќи е незадоволен од малата минутажа, а сака да го задржи местото во германската репрезентација за Мундијалот.
Информациите од Островот велат дека Јирген Клоп го повикал својот сонародник да му се придружи на „Енфилд“ и му ветил дека ќе биде прв избор.
Интерес за Трап има и од Борусија Дортмунд и Баерн Минхен, но во Ливерпул би имал статус на стандарден голман, бидејќи познато е дека Клоп не му верува многу на Мињоле.
Француските медиуми пренесуваа дека ПСЖ за слободата на Трап бара околу 15 милиони евра, што нема да биде проблем за „црвените“.